Plus500 е онлајн трговска платформа за CFD, која е основана во далечната 2008 година. Основната цел на Plus500 е да го услужи искусниот трговец, некој кој е познат и способен да тргува со Forex, акции, стоки и криптовалути. Во следниот преглед, ќе ги истакнеме карактеристиките и понудите на Plus500.

Денес, компанијата има филијали во Кипар, Сејшелите, Сингапур, Естонија и Обединетите Арапски Емирати. Од 2013 година, Plus500 е јавно тргувана на Лондонската берза (LSE: Plus). Според информациите до 2023 година, има околу 24 милиони клиенти ширум светот.

Како да се регистрирате на Plus500?

Кога станува збор за регистрација на Plus500, потребно е да бидат проследени неколку чекори. Отварањето на демо сметка е доста едноставно и релативно брзо се одвива процесот. Можна е регистрација и преку електронска пошта, како и преку Facebook или Google. Доколку некој корсник има желба да отвори сметка со вистински пари, ќе мора да ја проследи целата верификација со различни документи и прашалници. Секој корисник си избира дали сака да отвори сметка со вистински пари или пак демо.

Кога целиот процес на регистрација ќе биде завршен, започнува и самото тргување.
Ако имате изберено трговија со вистински пари, ќе биде потребно и да се направи депозит на страницата за да може да ги користите и услугите и да стартувате со Вашата трговија. А, доколку имате демо сметка, ќе Ви бидат доделени виртуелни пари – така што кога ќе снемате пари, ќе Ви пристигнат нови.

Како да се најавите на Вашата сметка на Plus500?

Со цел лесно и едноставно да се најавите на Вашата сметка, во горниот десен агол ќе треба да го согледато копчето за најава и да го кликнете. Понатаму, ќе треба да ги пополните Вашите лични податоци. Секако, кога ќе отворите сметка ќе мора да поминете низ одреден процес на верификација, така што потребно ќе биде да прикачите фотографија во боја од Ваш личен документ (пасош, лична карта или пак возачка дозвола) – двострано. Така, на крај ќе може да ги извлечете парите кои ги имате заработено од оваа платформа.

Кои пазари се достапни за тргување?

Во Plus500, трговците можат да учествуваат на различни пазари. Од валутни парови и криптовалути на FOREX, до акции, стоки, индекси и други производи. Платформата нуди CFD за криптовалути, индекси, Forex, стоки, акции, опции и ЕТФ.

Како да депонирате во Plus500?

Во Plus500 има повеќе начини за депонирање со минимален износ од 200$. Прифатени методи вклучуваат ВИЗА, MasterCard, PayPal и банкарски трансфер. Ова овозможува лесно и разновидно депонирање на средства на платформата.

Кои се методите за повлекување во Plus500?

Никогаш не било полесно да ги повлечете парите и да дојдат истите кај вас во нереално брзо време. Опциите за плаќање и депонирање се скоро исти, така што речиси никој нема проблеми со тоа. Има неколку методи за депонирање и тоа:

Банкарски картички – помеѓу 3 и 7 работни дена;

PayPal – помеѓу 3 и 7 работни дена;

Банкарски трансфер – помеѓу 5 и 7 работни дена;

Пред се, најпрво треба да биде извршен процесот на верификација. Треба да се напомене дека и секој метод има определн износ на повлекување. Обично тој износ се наоѓа во делот “Повлекувањe”.

Надоместоци за одржување на сметката Plus500.

Пред се, треба да се каже дека Plus500 наплатува при конверзија во друга валута. За загуба од трансакција или остварена нето добивка провизијата изнесува околу 0.7%

Посоти и надомест за неактивност на месечно ниво од 10 долари – доколку корисникот не е активен во период подолг од 3 месеци. Се препорачува да се посети сметката дури и ако не сте во процес на трговија.

Верификација Plus500

За да започнете со тргување на Plus500, потребно е да го завршите процесот на верификација. Испратете копија од личната карта, пасош или возачка дозвола за идентификација. Дополнително, можеби ќе треба да прикачите документ кој го потврдува вашата адреса, како извод од банка или сметка за услуги. Вашиот идентитет и адреса ќе бидат проверени, а процесот на одобрување обично трае до 48 часа. Ова е стандардна процедура што ви овозможува безбедно и законско тргување на платформата.

Plus500 – апликација за телефон

Живеејќи во модерната ера на дваесет и првиот век, со рапидниот раст и развиток на технологијата, мобилните апликации се дел од секојдневието на секоја индивидуа. Така и Plus500 како реномиран бренд на пазарот има своја мобилна апликација достапна како за Android корисниците, така и за iOS. Познато е дека апликацијата за Android може да се преземе од Google, а корсниците на iOS апликацијата ќе може да ја преземат од Appstore. Сајтот на Plus500 работи одлично и е лесно прилагодлив на секој оперативен систем.

Plus500 – контатки

Никогаш не било полесно да се оствари контакт со Plus500. Безразлика дали сте љубител на пишувањето мејлови или едноставно сакате класична комуникација – Plus500 се секогаш тука за своите корисници. Лесно видливо е дека и на страницата на Plus500 постои онлајн чат 24/7 за прашања и одговори. Генерално, вработените се прилично експедитивни и благовремено даваат одговри на поставените прашања.

Plus500 е водечка онлајн трговска платформа што нуди богатство на можностите за тргување на финансиски инструменти. Со оглед на нивната широка понуда на пазари како криптовалути, форекс, акции, стоки, индекси и други, Plus 500 станува идеална за професионалци во трговијата. Сепак, нејзината привлечност не зависи само од искусните трговци, туку и од почетниците, бидејќи им овозможува да започнат со демо сметка.

Оваа демо верзија ги отвора вратите за упражнување и тестирање на трговските стратегии без финансиски ризик. Поддржана со реални пазарски услови, демото претставува одличен начин за изградба на доверба и вештини пред префрлање на реалниот пазар.

Plus500 исто така го нагласува ризикот од тргувањето и ги предупредува корисниците за можноста од финансиски загуби. Ова го прави партнер на корисниците во нивните финансиски приказни, обезбедувајќи им потпора и образование за да ги помогне да разберат и управуваат со ризикот.

Со дополнителни такси за конверзија на валута и месечен надомест за неактивност, Plus500 го прикажува своето почитување кон корисниците, обезбедувајќи им ясни информации за евентуалните дополнителни трошоци

Со нивната визија за образование, ризик и широка платформа за тргување, Plus500 станува соодветен избор за трговци од сите нивоа на искуство, обезбедувајќи им сигурно и достапно тргување на финансиски пазари.

Најчесто поставувани прашања ( FAQ)

Дали Plus500 има многу пазари за тргување?

Да, Plus500 нуди разновидни пазари како криптовалути, акции, форекс, стоки, индекси и други, што го прави погодно место за разновидно тргување.

Каков е регулаторниот статус на Plus500?

Компанијата Plus500 е лиценцирана и регулирана од страна на CySEC (#250/14), што обезбедува доверба и законска заштита за трговците.

Дали е безбедно тргувањето на Plus500?

Да, поради регулацијата од страна на CySEC и постојаните мерки за безбедност, тргувањето на Plus500 е безбедно и обезбедено.

Кои се некои од главните предности за почетници на Plus 500?

Интуитивниот интерфејс, демо сметката без реален ризик и минималниот депозит од 200$ го прават Plus500 соодветен за почетници.

Дали Plus500 нуди образовни ресурси за трговија?

Да, платформата обезбедува видео туторијали, вебинари и други образовни материјали што ги подобруваат вештините за тргување на трговците.

4,0 rating

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Plus500
4,0 rating
4.0/5
Kredit.com.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.