Живеејки во едно бурно секојдневние, стремејки се кон усовршување на начите животи, користењето на кредити стана неизбежен дел од финансиската сфера. Од купување на нов дом или автомобил или некој аксидентален и непосакуван медицински третман, кредитите едоставно станаа дел од животот речиси на секоја индивидуа. Од една страна кредитот како една финансиската алатка може да обезбеди стабилност, од друга страна истата може да доведе до стрес и несигурност. Истата станува проблем кога станува збор за енормно високи каматни стапки за отплаќање и месечните рати со огромни суми.
За секој проблем за среќа постои и соодветно решение. Со цел Вашиот финансиските статус да го стабилизирате, постои концепт за тоа познат како рефинансирање на кредит. Со него дефинитвно се намалува тежината која ја носи самиот кредит. Во продоложение ќе бидат образложени што се подразбира под рефинансирање на кредит, придобвките од него и целиот концепт на оваа алатка која ќе Ве донесе во светот на финансиска стабилност.
Што подразбира рефинансирањето?
Рефинансирањето на кредит всушност претствавуа процес со кој веќе постоечкиот заем, односно кредит ќе биде заменет со нова заеемна обврска, секако со подобри услови. Подбри услови за кредит секако дека не е поим кој е еднозначен. На пример, тој опфаќа пониски каматни стапки, подолг период на отплата или пониски месечни рати. Суштината на целиот концепт на рефинансирањето е да се намали месечната рата или да се намали вкупниот износ кој треба да го вратите на давателот на заемот.
Зошто е важно да се размислува за рефинансирање на кредит?
Спектарот на можности кои ги нуди рефинансирањето на кредит е огромен и во продолжение ќе бидат наведени и објаснети истите:
–Намалување на каматните стапки: Ако во моментот кога го имате земено кредитот, каматните стапки биле доста големи, а сега каматните стапки се намалени неколку проценти, рефинансирањето Ви овозможува да го замените Вашиот постоечки кредит со нов, но со помала каматна стапка.
-Подобрување на финансиската состојба: Рефинансирањето може да Ви помогне да ја стабилизирате Вашата финансиска состојба. А, доколку истата се има подобрено откога сте го земале првичниот кредит, постои можност за за подобри услови на рефинансирање.
–Намалување на месечните расходи: Доколку месечните рати за Вашиот постоечки кредит Ви претставуваат проблем за плаќање, рефинансирањето може да ги намали тие трошоци. Со рефинасирањето дефинитивно ќе се подобри изгледот на Вашата трансакциска смета.
-Поголема финансиска стабилност: Рефинансирањето секако дека ќе го подобри Вашиот финансиски статус и со него ќе бидете и повеќе од подготвени за плаќање на неочекуваните трошоци и ќе бидете апсолутено подготвени за менливите цени на услугите на пазарот.
Која е постапката за рефинансирање?
Вообичаено целиот процес на рефинансирање се состои од овие неколку чекори:
-Анализа на кредитиниот статус на личноста: Најпрво, треба да се направи анализа на Вашата кредитна историја и вашата моментална состојба во банка. Оваа анализа ќе Ви помогне да осознаете дали сте способни за рефинансирање и какви услови би можеле да добиете.
-Пребарување на понудите: Следниот чекор кој треба да го направите е добро да ги пребарите постоечките кредитни институции и банки кои се даватели на услугата позната како рефинансирање на кредит. Споредбата на условите и каматните стапки се клучни при изборот на најдобрата понуда.
– Поднесување на апликација: Кога веќе ја имате најдобрата понуда за Вас, поднесете апликација преку веб или во филијалите на даватели на ваков тип услуга. По прегледувањето на Вашето барање, давателите на овој тип услуга ќе Ве известат дали Вашата апликација е одобрена или пак одбиена.
-Откажување на веќе постоечкиот кредит: По одобрувањето на апликацијата за рефинансирање, треба да пристапите кон откажување на кредитот кој го имате земено претходно.
-Отплата на новиот кредит: По рефинансирањето, следствено е отплата на новиот кредит. Препорачливо е истата да биде навремена и секако да се почитуваат условите на новиот договор направен меѓу корисникот и давателот на услугата.
Бенефециите од рефинансирање
Како веќе докажана моќна алатка за подобрување на Вашиот живот, конкретно финанскиот статус, рефинасирањето е препорачано од многу финансиски експерти. Со подобрите услови на кредитот, можете да си ги намалете месечните трошоци и да си ја стабилизирате состојбата на Вашата банкарска сметка. Сепак, пред да се одлучите да аплицирате за овој тип на услуга, внимателно консултирајте се со личност која е упатена во целиот процес на рефинансирање. За дополнителни совети и информации, секако дека е најдобро да се обратите на финансиски советник и професионалец од оваа област.

